Заманlивости

3 начини како да останете мотивирани

author
Прочитајте неколку совети за да ја пронајдете изгубената мотивација или повторно да ја разбудите.

Правете го она за што сте страсни

Ако работите нешто што навистина го сакате, не е тешко да останете мотивирани. И во најлошите и најслабите денови, страста кон проектот ќе ве поттикне напред и ќе ја донесе потребната мотивација за да успеете.
Понекогаш, со текот на времето, може да сфатите дека сте откриле љубов кон нешто друго, различно од она што ве правело среќни. Застанете за момент, размислете за опциите и ако сфатите дека нема повеќе мотивација за тоа што го правите, сменете нешто.

Одвојте време за размислување

Кога наидувате на пречки, прво запрашајте се дали имате храброст да го направите неопходниот голем чекор кон целта?
Проценете што е важно за вас и колку сте подготвени да жртвувате за тоа достигнување. Овој вид размислување е важен кога станува збор за донесување голема одлука. Размислете за она што ви е најважно на патот на животот.
Дали предизвикот има смисла за вас? Дали личното подобрување, раст или учење играат значајна улога? Како ќе станете подобри отколку што сте сега?
Размислувањето треба да биде внимателна и мирна постапка, не преку осуда и критика.

Фокусирајте се на “широката слика”

Најголемите успеси во животот честопати не се поврзани со слава и пофалби.
Се се сведува на она што ви е најважно. Луѓето честопати не поминуваат доволно време со своите најблиски и на крајот честопати жалат за пропуштените можности.
Многумина сметаат дека пропуштиле некои клучни моменти во воспитувањето на нивните деца, заради нивната преокупација со работата. Која е поентата на семејството ако не уживате во тоа? За некои луѓе тоа се децата и семејството, а за некои нивните пријатели, миленичиња или хобија.
Поставете животни приоритети и оставете ги да ве мотивираат.  

Извор на слики: Unsplash

мотивацијастрастпрепрекихрабростпредизвик

Мобилна апликација PickJobs

Преземете ја бесплатната апликација за мобилни телефони PickJobs на вашиот Android или iOS уред, преку Google Play Store или App Store и добијте пристап до каде било, во кое било време.