Заманlивости

Топ 5 совети како да мотивирате успешен работен тим

author
Понекогаш, малку стрес во деловно опкружување може да биде корисно.

Невозможно е целосно да се елиминира стресот од деловното опкружување, но малку стрес може да биде корисен. Клучот е да се создаде средина што ќе им помогне на вработените да останат продуктивни, дури и под отежнати околности, а тоа е една од најважните работи што можете да ги направите како лидер.
Намалувањето на стресот започнува со културата на компанијата. Истражувањата покажале дека работењето во средина со лидери кои ги поддржуваат своите вработени е најсилниот показател за намален стрес. Кога стресот се инфилтрира во вашата култура, доаѓа до недостаток на мотивација, па дури и наједноставните задачи можат да станат предизвик.

1. Обучете го вашиот тим како правилно да управува со работното време

Можете да организирате или покренете обука што покажува како правилно да управувате со работното време. Веројатно ќе сакате да побарате помош од професионалец кој ќе ве води правилно, освен ако не сметате дека сте доволно квалификувани за таков потфат.
Важно е да му помогнете на вашиот тим да ги процени нивните вештини за управување со работното време со тоа што ќе ги замолите самите да го следат времето поминато на индивидуалните задачи.
Запознајте ги со апликации што и служат на правилната организација. Размислете да инвестирате во софтвер кој ќе го следи времето поминато на индивидуални задачи, за да добиете референтен впечаток за вашата продуктивност.

2. Активно вклучете се во работата

Членовите на вашиот тим успеваат кога постојано учат. Како лидер, обидете се да потрошите колку што е можно повеќе време помагајќи му на вашиот тим бидејќи на тој начин тие учат, напредуваат и го следат вашиот пример.
Одличен начин да го направите тоа е да ги делегирате избраните задачи секогаш кога е можно. Само проверете дали имате време за да можете да одработите квалитетна обука и да го проверите нивниот напредок.

3. Обезбедете време за одмор

Членовите на вашиот тим ќе изгубат мотивација ако се уморени, затоа што на сите им е потребно време за себе, далеку од работата, така да можат да ги наполнат своите батерии и да ја вратат можеби изгубената мотивација.
Важно е да ги охрабрите вашите вработени да одвојат време за одмор, и ова започнува со вас и важи за вас. Треба да бидете пример за здраво однесување и балансирање помеѓу деловното и приватното.
Исто така, обрнете внимание на обемот на работа за вработените да се чувствуваат пријатно и лесно. Одморот на мозокот е еден вид ремонт од кој профитираат обете страни, и работодавачот и вработениот, долгорочно.

4. Обезбедете удобно работно место

Секој од нас сака да работи во пријатна атмосфера што нè стимулира кон деловен и личен напредок. Обидете се да ги контролирате условите на работното место колку што е можно повеќе, односно да реагирате правилно ако забележите дека се нарушени овие услови.

5. Не казнувајте ги грешките

Правилно утврдете ја разликата помеѓу искрена, човечка грешка и небрежност што треба да се искорени. Ако процените дека грешката е оправдана од други фактори, охрабрете ги луѓето да се обидат повторно за да почувствуваат безбедност и доверба што ќе им даде поттик за нови предизвици.  

Извор на сликата: Unsplash, Pixabay

мотивацијаработаработно времестресменаџер

Мобилна апликација PickJobs

Преземете ја бесплатната апликација за мобилни телефони PickJobs на вашиот Android или iOS уред, преку Google Play Store или App Store и добијте пристап до каде било, во кое било време.